21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по ВМРО ДПМНЕ во врска со химната на Македонија

Химната и државните симболи не се дел од договорот и вооопшто не биле дел од разговорите, што значи дека ниту некој државен симбол се менува ниту нивната употреба е доведена во прашање, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека со договорот со Грција се врши етноцид.

„Договорот го гарантира македонскиот иденитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван или негиран од другите и се отвораат евро-атлантските интеграции, кои се врвен национален интерес. Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш“, се вели во реакцијата.

Во интерес на граѓаните и државата, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните наводи, да покаже елементарна одговорност пред граѓаните и државата и да престане да ја кочи македонската иднина.

Спонзорирано: