18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доаѓа нов радар: Полицијата нема да мери само брзина, обратете внимание и на ова нешто

Американската компанија „ComSonics“ од Вирџинија направила уред кој изгледа како класичен радар за брзина, но тој уред отчитува фреквенции на испраќање СМС пораки, пренос на податоци и разговор на мобилен телефон.

Пишувањето и испраќањето СМС пораки како и телефонирањето без „hands-free“ опрема освен што е забрането и казниво со закон, исклучително е опасно и може да заврши со трагични последици.

Полицијата досега ги казнуваше неодговорните возачи само во моментите кога ќе успееше да ги фати во разговор, но во иднина овој радар за мобилни телефони би можел да им ја олесни работата на полицајците.

Радарот кој го носи називот „Sniffer Sleuth II“ може, тврдат произведувачите, точно да отчита дали лицето зад воланот разговарало на мобилен или можеби пишувало СМС пораки.

Уредот и е понуден на американската полиција на тестриање, а за пуштање на пазар мора да помине уште некои проверки.

Спонзорирано: