10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Болеста на високиот функционер не е последица на политички пресметки, тврдат од неговата партија

Полската вицепремиерка, Беата Шидло, ги негираше гласините дека болеста на Јарослав Качински е предизвикана од внатрешни пресметки на највисоко политичко ниво.

Шеесет и деветгодишниот Качински, лидерот на владејачката партија „Право и правда“, беше хоспитализиран минатиот месец и во јавноста не се појавува веќе неколку недели.

Од болницата соопштија дека Качински е на лечење од остеоартрит на коленото, додека министерот за здравство, Лукаш Сумовски, кон крајот на минатата недела изјави дека Качински е толку слаб што животот би му бил во опасност доколку не е под болнички надзор.

Агенцијата АП тврди дека неговото отсуство предизвикало шпекулации за тоа кој ќе го замени Качински на чело на партијата, притоа претставувајќи го како личност кој од сенка управува со владејачките политики, иако не е дел од владата. Се тврди и дека се појавиле голем број гласини за внатрепартиски судири во „Право и правда“.

Сепак, Шидло ги негираше ваквите информации, велејќи дека сè е во најдобар ред во владејачката партија во Полска.

Спонзорирано: