5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Златна треска: Пронајдени тони злато, еве и каде

Австралиската берза изминативе недели ја „затресе“ растот на компанијата Адриатик Металс откако од оваа компанија е објавено дека откриле нови наоѓалишта на злато, сребро и базни метали во Средна Босна, поточно во Вареш.

Како што објавија австралиските медиуми, вредноста на акциите на оваа компанија двојно се зголемиле по објавата за откритието од Вареш, додека The West Australian пренесе дека оваа спектакуларна вест на многубројни начини ќе влијае на економијата во БиХ, пренесе Радио Сарајево.

Инаку, компанијата Адриатик Металс поседува концесија за истражување и експлоатација на минерали и руди на некои локации во општина Вареш, чија вредност е сега зголемена неколку пати после спектакуларното откритие.

За вредноста на ова откритие најдобро говори податокот за растот на акциите на Адриатик Металс на ASX берзата и тоа после објавата дека на длабочина од повеќе десетици метри од пробните бушотини извадени се примероци руда кои оваа компанија ги опишала како „коктел на висококвалитетни минерали“.

Поточно, на локалитетот Рупица примероците покажале дека еден тон ископан материјал содржи 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 7,7 отсто олово, 10,8 отсто цинк, 46 отсто барит, како и 0,9 отсто бакар.

Тоа, во практична смисла, значи дека Адриатик Металс пронашла огромно богатство и тоа во близина на површината на земјата во речиси пропаднатото градче во Босна и Херцеговина.

Спонзорирано: