15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Се расплеткува вечерашната трагедија: Ова се новите детали за смртта на трите деца

Децата на возраст од една, две и четири години кои изгореа во пожарот, биле сами и заклучени во домот во Велес, додека нивните родители пазареле во продавница, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Семејството кое било социјално загрозено, живеело во изолирана и импровизирана дивоградба, а внатре немало ни струја, ни вода, па не е познато што го предизвикало пожарот.

По пријава од страна на соседи кои живееле на околу 100 метри од куќата, на лице место излегле противпожарната единица, екипа на СВР Велес и екипа на Брзата помош. Сепак, кога пристигнала помошта децата биле изгорени и немало можност да ги спасат.

Спонзорирано: