11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Машиновозачот слушнал чуден звук, но го игнорирал: Полицијата во напукнатиот нос на возот затекнала хорор

Ужасен инцидент се случил откако машиновозачот го игнорирал необичниот звук на удар. Полициската истрага подоцна открила човечки остатоци во напукнатиот нос на возот.

Случајот на наводно самоубиство во Јапонија довел до вознемирувачко откритие на јапонската полиција. Имено, во напукнатиот нос на супербрз воз пронајдени се остатоци на 52-годишен маж.

Оваа страшна серија на настани започнала кога машиновозачот слушнал звук на удар, но помислил дека се работи за животно, па продолжил со возење и не го пријавил инцидентот.

Дури подоцна истиот ден возачот на возот кој доаѓал од спротивниот правец го забележал напукнатиот нос и пријавил во контролниот центар. Веднаш е наредено итно запирање на оштетениот воз како би се извршила истрага. Повикана била и полиција која набрзо открила делови од човечко тело заглавени во оштетениот нос.

Јапонскиот министер за сообраќај и туризам Кеичи Иши наредил компанијата да го истражи однесувањето на машиновозачот. Се уште не е објавено дали против него ќе бидат преземени некои дисциплински мерки.

https://youtu.be/4syTydud5Ow

Спонзорирано: