11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Марихуана ќе може да се порачува и преку интернет: Со 52 гласа во парламентот изгласана легализација на марихуаната на територијата на цела Канада

Сенатот на канадскиот парламент изгласа легализација на марихуаната за рекреативни цели со закон што го регулира одгледувањето, дистрибуцијата и нејзината продажба. Законот за канабисот беше поддржан со 52 гласа „за“, а 29 гласаа против. Канаѓаните од октомври ќе може слободно да купуваат и да користат канабис.

Со овој чекор Канада стана првата држава членка на Г7 која ја легализира рекрееативната употреба на канабисот, што беше дел и од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Поседувањето канабис во оваа држава се смета за криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година. За предлог-законот да помине, треба да биде потпишан указ од генералниот гувернер, кој ја претставува кралицата Елизабета Втора, по што владата ќе треба да избере официјален датум за влегување во сила на законот.

Кога ќе се прецизира каде ќе се продава марихуана, од средината на септември, Канаѓаните веќе ќе може да купуваат од лиценцирани производители на разни локации, но и да порачаат онлајн. Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.

Спонзорирано: