19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кој ќе оди со велосипед на работа, ќе добива пари за секој километар

Холандското министерство за инфраструктура предложи парична надохнада за велосипедистите кои на работа патуваат на две тркала.

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200.000 луѓе кои на велосипеди ќе преминуваат три милијарди километри повеќе“, рекла Стиентје ван Врелдховен, од ресорното министерство.

Според тој предлог, секој граѓанин кој на работа ќе оди со велосипед би можел да добива по 19 центи по километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување велосипеди, но и дополнителни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедските патеки.

Спонзорирано: