12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Дали знаете за што навистина служи фиоката на дното на шпоретот?

Веројатно и вие припаѓате во групата луѓе која во фиоката под рерната чуваат фолија, капачиња, калапи…

Без разлика за што ја користите, веројатно не ја користите за она што е наменета.

Таа фиока всушност служи за одржување на јадењата топли. Таа е „топла фиока“ во која можете да ја ставите храната после печењето и таа ќе остане на температура за послужување.

Ако се уште ги имате упатствата од шпоретот, проверете што пишува. Во повеќето од нив стои опис: „Топлата фиока е осмислена да ја сочува топлината на врелата храна на температура за послужување“.

Секогаш во неа ставајте врела храна. Студената храна или онаа на собна температура не може да се загрее или да се готви во „топлата фиока“.

Спонзорирано: