23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Димовски: Вчерашните настани се смислено сценарио на власта

Oд опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека премиерот Заев на најподмолен начин посакува и создава насилство во државата.Тој, како што велат од партијата, капитулацијата која што ја потпиша сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата.

„Всушност Зоран Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцнa себе си да се прогласи прво за жртва, па потоа за наводен спасител и за тоа на крај да го обвини ВМРО-ДПМНЕ. Тој посакува сите кои што се противат на неговото капитулантско дело, огромното мнозинство, чесни граѓани да ги означи за радикални елементи, екстремисти и насилници, иако овие луѓе тоа не се.

Преку насилство сака да се задржи на власт.Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија беа дел од свесно и смислено сценарио исклучиво на власта. Зад таквото дело не стои друг туку самата власта.
Власта свесно предизвика нереди, инциденти и потоа уште еднаш ја злоупотреби македонската полиција. Колатерална штета се недолжни граѓани, возрасни луѓе, новинари, жени, за жал и мали деца. Повторно видовме слики и бевме сведоци како власта удира по својот сопствен народ“ рече Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Целта е граѓаните, рече Димовски, да се дисциплинираат, исплашат и дистанцираат. Зоран Заев да се прикаже за конструктивен фактор, додека сите други кои се противат на неговото капитулантско дело, за радикален елемент и на тој начин да бидат деградирани.

„ВМРО-ДПМНЕ сакаат свесно да ја вовлечат во ова сценарио, за да потоа ја оцрнат и прикажат за радикален елемент, за да може пред меѓународната и домашна јавност да ја деградираат во борбата против капитулантското дело за промена на уставното името на Република Македонија од страна на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваковото сценарио“ порача Димовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат, народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели.

Спонзорирано: