9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грчката опозиција го нарече потпишувањето на договорот „Ден на срамот“

Главната опозициска партија во Грција „Нова Демократија“ жестоко го критикуваше договорот за решавање на спорот за името, пишува електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Партијата издаде соопштение во врска со потпишувањето, во кое вели дека договорот е исклучително важен за грчките национални интереси и со него се признаваат македонскиот јазик и идентитетот.

„Ова е тажен ден за Грција, но исто така е и „Ден на срамот“ за премиерот Ципрас и неговиот коалициски колега, Панос Каменос“, велат од партијата, обвинувајќи ја грчката влада дека договорот создава проблеми од кои ќе биде тешко Грците да се откажат во иднина.

Во соопштението, „Нова Демократија“ го искритикува и односот на полицијата кон демонстрантите во Грција, велејќи дека додека Ципрас и Коѕијас го славеле договорот што е на штета на грчките национални интереси, на полицијата и била дадена наредба да покаже невидена бруталност и да испрати в болница граѓани кои ја покажале својата патриотска чувствителност.