4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жбогар го поздрави договорот со Грција

Евроинтегративниот процес на Македонија беше во фокусот на средбата што денеска ја остварија заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Во рамките на состанокот беше потенцирано дека членството во Европската Унија останува врвен приоритет и дека по објавувањето на стратегијата, повторувањето на препораката од ЕК за почнување преговори со ЕУ и заклучоците од самитот ЕУ-ЗБ во Софија, се врати европската перспективата на регионот, со што се предвидува поблиска и поинтензивна соработка помеѓу Европската Унија и земјите кандидати.

Во контекст на европските интеграции, Жерновски истакна дека единствената пречка е конечно отстранета. Долготрајниот спор за името со Грција конечно се затвори, при што договорено е заемно прифатливо име од двете земји. Искажа очекување на претстојниот ЕУ-самит да биде донесена одлука за доделување датум на Република Македонија за почнување претпристапни преговори.

Амбасадорот Жбогар го поздрави договорот постигнат за изнаоѓање заемно прифатливо име од двете страни и истакна дека Европската Унија и натаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја неа. Во тој контекст истакна дека успехот да се добие датум за почнување преговори нема да биде успех само за земјата туку е успех и на сите фактори во Унијата.