21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Војската на Австралија носела нацистички знамиња во Авганистан?

Австралиски војник кој поставил знаме со нацистичка свастика на борбено возило во Авганистан, пред повеќе од 10 години, погрешил и е казнет на време, изјавил австралискиот премиер Малколм Турнбул.

Знамето било закачено на воен џип за време на патрола во Авганистан во 2007 година, а фотографијата ја објавил австралискиот јавен сервис Еј-Би-Си.

„Знамето е отстрането, а службеникот вмешан во инцидентот е дисциплонски казнет. Тоа било погрешно и командантите го казниле на време“ рекол Турнбул.
Австралија, како сојузник на САД, имала трупи во Авганистан 17 години, кои се бореле против талибанците и другите исламски екстремисти.

Како што се наведува, однесувањето на тие трупи во периодот од 2005 до 2016 година е под истрага, поради обвинувања дека користеле прекумерна сила и дека ги занемариле човечките животи за време на таа мисија.

Спонзорирано: