9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир в година, открија двајца норвешки пратеници наведувајќи го како причина историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Тоа што се случува е историски момент“, рекол Пер-Вили Амундсен за норвешката телевизија НРК.

„Започнат е процес што може да придонесе за обезбедување мир во светот извесен период“, додал пратеникот на Прогресивната партија, кој го номинирал Трамп со својот колега Кристијан Тајбринг Гјед.

Норвешкиот одбор за доделување на Нобеловата награда претходно оваа година објави дека за наградата за 2018 година добил 329 номинации, што е втор најголем број во историјата.

Одборот ги советува оние што ги предложуваат кандидатите да не ги откриваат нивните предлози, но нема официјални правила против тоа.

Право на номинација имаат политичари, академици, поранешни победници, директори на институти за мировни истражувања и моментни и идни членови на одборот.

Минатагодишната награда ја доби Светското здружение за укинување на нуклеарното оружје – ICAN.

Спонзорирано: