13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Тесла“ ќе отпушти повеќе од три илјади работници

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека ќе отпушти девет проценти од работниците за да се подобри профитабилноста. Првиот човек Илон Маск тврди дека одлуката била тешка, но неопходна. Според него, отказите нема да влијаат на најавеното интензивирано производство на новиот „модел 3“.

„Отказите се составен дел од планот за реструктуирање кој треба да се однесува на вишокот вработени во одредени области на деловното работење во врска со брзиот раст на компанијата“, напиша Илон Маск, шефот на „Тесла“, во електронска порака упатена до работниците.

Производствените работници нема да бидат опфатени со најавените откази, кои, според него, нема да влијаат врз ниту една од поставените цели за производство на „моделот 3“. Заедно со укинување на удвоените работни места, од „Тесла“ ќе бидат отпуштени повеќе од три илјади вработени, односно дури 9 отсто од вкупната работна сила која брои 37 илјади луѓе. На вработените што во овој процес ќе останат без работните места ќе им биде исплатена испратнина според стажот што го имаат.

Спонзорирано: