11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Свадба од пеколот: Младоженецот ги замолил гостите да станат и да ги превртат чиниите, а потоа ја открил горката вистина за невестата

Венчавката требало да биде најубавиот момент во животот на една вљубена двојка. Тогаш, барем според традицијата, младите се колнат на вечна љубов и верност и потоа впловуваат во мирните брачни води.

Но, некој решил токму на денот на венчавката да ја истресе сета валкана облека на сопружникот, и тогаш работите добиваат сосема поинаков тек.

Од друга страна, ако сте на местото на невестата која додека била верена за својот избраник спиела со осум момчиња, а потоа мртва ладна си ги повикала на венчавка, не можете да кажете дека сте целосно изненадени кога работите ќе ескалираат токму на венчавката.

Целата приказна ја раскажал сведок на венчавката, и тоа пред огромен аудиториум, во емисијата „The Graham Norton Show“.

Приказната се случила во Велика Британија, а момчето по име Шон ги изнело сите валкани детали.

– Младоженецот стана и им рече на сите да станат. Сватовите станаа, а потоа им рече да ги свртат своите чинии. „Ако на чинијата имате црвена точка, продолжете да стоите“, рече младоженецот. По овој пресврт, осум момчиња останаа да стојат, раскажува Шон во емисијата.

Сите мислеле дека во прашање е игра, но потоа следувало објаснување од младоженецот.

-Дами и господа, ова се мажите кои спиеја со мојата жена додека бевме верени. Овој момент одам да побарам поништување на бракот, рекол младоженецот и излегол.

Погледнете го делот од емисијата…

Спонзорирано: