13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион по грешка истурил 40 тони вода врз сообраќајната полиција во близина на Москва

Стратешки товарен авион „илиушин ил-76“ испуштил 40 тони вода малку пред целниот шумски регион за време на вежбите за гаснење пожар и ја истурил врз тим на сообраќајната полиција во близина на Москва, пренесува „Раша тудеј“.
https://www.youtube.com/watch?v=m-EXmHHZNMA

Авионот учествувал во противпожарните вежби и носел 40-ина тони вода што требало да бидат испуштени врз шумско земјиште некаде во близина на градот Ногинск во московскиот регион. Но, авионот случајно ја променил својата траекторија и ја промашил целта. Како резултат на тоа водата завршила врз екипа на сообраќајната полиција која патролирала по локалниот автопат.

Снимката од инцидентот ја направил еден од „среќните“ сообраќајци што биле во автомобилот кога водата буквално ги потопила.

Спонзорирано: