13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вартоломеј повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство

Вселенскиот патријарх Вартоломеј на литургија по повод чествувањето на празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава порачал дека постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ.

„Кога еден од нашите браќа се квалификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок“, порачал Вартоломеј.

Како што пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, според Вартоломеј, Вселенската патријаршија никогаш не останувала настрана во ситуации што го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните: „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се радува еден орган, се радуваат сите“.

Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамките на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки со име Охридска архиепископија. На ова му претходеа писма упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија како рамноправна црква во православниот свет.

Спонзорирано: