23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Граѓаните имаат право да се изјаснат на референдум, порача Заев на средбата со Мицкоски

На граѓаните треба да им се овозможи да го остварат деморкатското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот со Грција. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на кусата средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, соопшти владината прес-служба.

Заев во рамки на средбата посочил дека повеќе од 25 години, колку што е активен овој спор, граѓаните немале прилика да видат ниту решение, ниту да се изјаснат.

„Овој договор ја гарантира иднината на Македонија како членка на НАТО и ЕУ“, истакнал премиерот Заев, посочувајќи му на Мицковски дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.

Владата соопшти дека Заев пред Мицкоски ја упатил пораката оти политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за реферндум и заради националните приоритети на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ.

Спонзорирано: