20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Секој може да предизвика војна, но само најхрабрите создаваат мир, порача Трамп

Американскиот претседател на прес-конференција по средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека со потпишувањето на документот, двајцата се солгасиле меѓудругото, за целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров. Тој нагласи дека Северна Кореја веќе почнала со спроведување на тој процес.

„Секој може да создаде војна, но само најхрабрите создаваат мир“ порача Трамп.

Претседателот на САД ги нарече преговорите со својот севернокорејски колега чесни, директни и продуктивни.

„Севернокорејците се многу талентиран народ…Живееме во свет каде Севернокорејците ширум светот ќе можат да се обединат…“ рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека Ким Џонг Ун веднаш ќе започне процес кој ќе усреќи многу луѓе во светот.

„Тој навистина е талентиран. Човек кој презема власт на 26 години мора да е таленртиран и способен. Неговите специјални родители ми беа пријатели“ нагласи Трамп.

Претседателот на САД додаде дека Ким сака повеќе од него да го постигне ова, за што денеска го разговарале и потпишале документ.

„Ова немаше да се случи ако немавме добар тим“ порача Трамп.

Меѓу другото, американскиот претседател, рече дека дел од темите на разговор биле и човековите права, за кои ќе продолжат да разговараат и понатаму.

Спонзорирано: