14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Метју Нимиц го поздрави договорот за името: Чест ми беше што бев олеснувач на спорот меѓу двете земји

„Топло ја поздравувам најавата на премиерите Ципрас и Заев за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за прашањето за името. Би сакал да им честитам на партиите за успешно завршување на разговорите и за решавање на разликите меѓу нив“, се вели во пишаната изјава на медијаторот Метју Нимиц.

Во неа тој додава дека не се сомнева дека овој договор ќе доведе до период на подобрени односи меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивниот народ. „Во тој контекст, јас сум охрабрен од посветеноста на двете влади да обезбедат заемна корист за сите свои граѓани преку воспоставување на стратешко партнерство, како основа за интензивирана соработка во сите сектори.

Чест ми беше што ја имав улогата на олеснувач помеѓу двете страни и сакам да му оддадам признание на Генералниот секретар за неговата непоколеблива поддршка и длабок интерес и за другите колеги во Обединетите нации за нивниот драгоцен придонес кон процесот. Исто така, би сакал да го спомнам мојот истакнат претходник, покојниот Сајрус Венс, чија важна работа на Балканот трајно придонесе за мирот во тој регион“, порачува Нимиц.

Тој им честита и им се заблагодарува на двајцата министри за надворешни работи, Димитров и Коѕијас, кои покажаа „лидерство, визија и решителност во преговарачкиот процес и никогаш не се повлекоа во нивните напори да постигнат заемно корисно решение за сопствената нација, исто така и за поширокиот регион“.

Спонзорирано: