19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе го имаат последниот збор за името, вели Заев

„Граѓаните треба да излезат на референдум и тој да биде успешен. Граѓаните ќе ја донесат одлуката, а јас јасно го соопштувам мојот став и праќам апел граѓаните да ја зграпчат оваа шанса“, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

Тој рече дека со договорот кој е постигнат со Грција, заштитен е етничкиот и културниот идентитет, што е гаранција за безбедност и просперитет. Тој додаде дека о договорот стои дека на есен ќе има референдум на кој граѓаните ќе може да го кажат својот став за Република Северна Македонија.

Спонзорирано: