7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Скопје – еден повреден

На 10.06.2018 година во 17.30 часот на крстосница од улица „Мите Богоевски“, улица „Горно Лисиче“ и улица „Ѓорге Андреевиќ-Кун“ во Скопје, З.Н.(44) од Скопје, управувајќи мопед „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.

 

Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот З.Н. кој со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: