10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоќа драма во бензинска пумпа во Скопје, откако пукнал сигурносниот вентил за плин: Двајца завршија во болница

На 10.06.2018 година околу 23,50 часот од страна на случаен минувач пријавено е дека на бензинска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје имало големо истекување на плин.

Од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало да истекува плин.

Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

Од страна на Противпожарна единица и одговорно лице од Институт за одржување на бензински пумпи затворен е главниот сигурносен вентил. Сообраќајот на улица „Индира Ганди“ бил блокиран во двата правци од 00,10 до 04,30 часот.

Спонзорирано: