9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Рафали од Белата куќа: „Во пеколот има специјално место за Трудо“

Главниот економски советник на Трамп, Лари Кадлоу, го обвини канадскиот премиер Џастин Трудо дека им забил нож во грбот со својата изјава дека Канада нема да дозволи да биде малтретирана од американските такси и дека тој е причината што Трамп се повлекол од заедничката изјава од самитот Г7, пренесува британски „Експрес“.

„Тој одржа прес-конференција и рече дека САД се навредени, дека Канада мора да се брани, дека ние сме го предизвикале проблемот со таксите иако и самите имаа огромни такси. Трамп нема да дозволи Трудо да го малтретира во пресрет на неговиот самит со водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун“, додаде Кадлоу.

Трудо на прес-конференцијата на крајот од самитот во Канада изјави дека лидерите на сите седум членки на Г7 потпишаа заедничка изјава во која се повикува на трговски систем базиран на правила. Трудо ги нарече навредливи новите американски такси за увоз на челик и алуминиум и рече дека Канада нема да дозволи некој да ја малтретира. Американскиот претседател Доналд Тамп бргу му одговори преку „Твитер“ и се повлече од заедничката изјава од самитот Г7 обвинувајќи го Трудо за лажни изјави.

Трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, исто така го обвини Трудо за предавство на своите американските сојузници.

„Постои посебно место во пеколот за секој лидер на земјата што лошо се однесува кон претседателот Трамп, а потоа одзади се обидува да му забоде нож во грбот“, рече Наваро за „Фокс њуз“ во неделата.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, побрза во одбрана на канадскиот премиер велејќи дека постои посебно место во рајот за Трудо за неговата организација на Г7.

Годишниот самит на Г7 во петокот и во саботата во Канада го одбележаа остри несогласувања со Трамп поради неговата одлука да воведе такси за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, Канада и од Мексико. Оваа мерка ги погоди американските партнери иако нејзината главна цел се кинеските производители на кои и САД и ЕУ подолго време се жалат од поплавување на пазарите со евтин челик.

Трамп во два твита по завршувањето на самитот Г7 во Канада минатата ноќ, изјави дека не ја поддржува заедничката изјава и тоа беше на општо изненадување на лидерите на таа група, која како и Трамп претходно водеше тешки преговори во врска со таа изјава.

Спонзорирано: