Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Османи на средба со експертите што ќе ја ценат ефикасноста на системот на управно право

Вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска одржа средба со експертите што се дел од мисијата за оценување организирана од страна на Европската Унија.

Како што информираат од неговиот кабинет, мисијата има цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во државата, и тоа во два сегмента – во управната постапка и во управните спорови.

„Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и воедно е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции“, потенцирал Османи за време на средбата и во овој контекст додал дека од особено значење за напредокот на земјата е подобрување на судскиот систем, особено во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.

„Имајќи предвид дека е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени системот на управно одлучување во Република Македонија“, оценил Османи.

Мисијата за оценување ќе трае четири работни дена по што ќе следува подготовка на конечен извештај со препораки што ќе бидат составен дел од реформските процеси. Инаку, на средбата присуствуваа и министерката за правда, Рената Дескоска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе