10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 60 терористи неутрализирани во воздушните напади во Турција

69 терористи беа неутрализирани за време на антитерористичките операции во Турција минатата недела, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

Според сооштението на Министерството, турските вооружени сили извеле 1.683 антитерористички операции на 4 јуни, од кои 11 биле со помош на копнени и воздухопловни сили. Министерството соопшти дека 40 терористи се убиени, 17 се заробени, а 12 предадени на властите.

За време на операциите 243 лица се уапсени поради сомнение дека ја помагале и охрабрувале терористичката група ПКК, а речиси 37 лица се приведени поради наводна поврзаност со Даеш.

Според соопштението, други 492 лица се приведени под сомение дека се поврзани со ФЕТО (терористичката организација на Фетула Ѓулен), групата што во јули 2016 беше организатор на неуспешниот пуч, при што загинаа 250 лица, а 2.200 беа повредени.

ПКК, која според Турција, САД и ЕУ е терористичка организација, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 лица од средината на 80-тите години досега.

Спонзорирано: