4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски сакал со голема бетонска топка да го урива „Космос“

Повеќето од бомбите се прислушувани разговори меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески и нивната интензивна комуникација за уривање на објектот. Груевски бил заинтересиран за секој детаљ од постапката, па во една од снимките го прашува Јанакиески дали може Цаноски да тужи и да добие. На тоа Јанакиески му вели: „Ќе го јадат Коце и Тони“ притоа мислејќи на поранешните градоначалници на Скопје и општина Гази Баба.

Во еден од разговорите од 2 август Груевски му вели на Јанакиески: „Нема ли некоја фирма да се најде? Имало некоја топка. Сум ја видел на Запад и на телевизија и кога ќе се заниша со 5-6 удари половина зграда паѓа“. Јанакиески му потврдува дека чул и тој за таква бетонска топка која со 5 удари ја урива зградата. „Да видиме во градежните фирми, нема ли некоја подобра механизација?“, го прашува Груевски ексминистерот за транапорт и врски.

Случајот ТНТ на специјалното јавно обвинителство се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.