5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Николов: Најавата за централизирани биохемиски лаборатории е за личен интерес на групации блиски до СДСМ

За СДСМ од секогаш приоритет бил бизнисот на компаниите блиски до нив, а не здравјето на граѓаните. Таков е проектот на министерот, Венко Филипче, за централизирање на биохемиските лаборатории, рече денеска Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Самата најава за централизирани биохемиски лаборатории во вредност од 35 милиони евра во нашиот здравствениот систем, не значи ништо друго туку единствено остварување на личните интереси на точно определени локални финансиски групации, кои што се блиски до СДСМ, кои сакаат да остварат профит на сметка на здравјето на пациентите. И сето тоа со нула инвестиции“, рече Николов.

Како што истакна тој, скандалозното централизирање на биохемиските лаборатории, ниту ќе направи некаква заштеда како што најавува министерот, ниту ќе ги подобри услугите кои што ги добиваат пациентите.

„Единствено ќе се зголеми можноста да се добијат погрешни и неточни резултати, а со тоа и погрешна дијагноза и несоодветен третман за пациентите. Ова го потврди и шефот на кабинет на министерот Филипче кој поднесе оставка заради тоа“, нагласи Николов, кој додаде дека не може да му се верува на министерот кога и неговите најблиски соработници говорат за сомнителни политики.

„Како да веруваме дека Филипче мисли за доброто на пациентите кога го остава Прилеп, град со околу 100.000 жители, без биохемиска лабораторија и тоа за најобично испитување крв. И не само Прилеп, во 21 век ги остават без биохемиски лаборатории Кавадарци, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Струга и други поголеми градови, каде што сега може да се врши биохемиска анализа“, наведе членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Николов на прес-конференцијата го повикува министерот Филипче да се откаже од реализацијата на проектот за централизирање на биохемиските лаборатории и да започне што побрзо да го реформира и реорганизира јавното здравство, во вистинска смисла на
зборот.

Спонзорирано: