20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сугарески: Ги решаваме проблемите на автопатот Кичево-Охрид, градежништвото ќе го вратиме на двоцифрени стапки на раст

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Во изјава за медиумите, тој нагласи дека работите се интензивираат и дека во наредниот период се очекуваат засилени активности на терен за да може да се испочитува рокот на изградба на автопатот до месец јуни, 2021 година.

Сугарески потенцираше дека поради слабата реализација на проектот, за која рече дека се јавила како резултат на претходни катастрофални грешки, истиот има негативно влијание врз стапката на раст на градежниот сектор.

„Ваквите проблеми, како и слабата реализација на терен од страна на компаниите, беа реална причина да има забавување на работите на терен, што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на нискоградбата и генерално врз БДП-то. Но, градежните работи тргнуваат со позасилено темпо, на терен ги разрешуваме сите наследени проблеми, градежните компании ја акивираа својата механизација, така да силно сме уверени дека градежништвото ќе го вратиме на посакуваниот правец, а тоа се двоцифрени стапки на раст”, изјави министерот за транспорт и врски.

Тој нагласи дека во наредниот период очекува надминување на сите состојби на целата траса и да се продолжи со изградбата на овој, како што кажа, капитален проект кој е од огромно значење за сите граѓани, се со цел да се испочитува рокот предвиден со Анексот на Договорот.

Инаку, автопатот Кичево-Охрид е со должина од 57 километри и е проценета инвестиција од 374 милиони евра. Крајниот рок за изградба е 30 јуни 2021 година.

Спонзорирано: