20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Страшно невреме: град со големина на топче предизвика огромни штети

Силно невреме попладнево зафати делови на Хрватска и Словенија. Ријека и околината се погодени од невреме проследено со град и силен ветер. На повеќе места има и поплави.

https://www.facebook.com/RIMETEO/videos/1929661950398089/?t=0

Дождот предизвика застој во сообраќајот, а штети направи и градот кој падна во Словенија со големина на топче. Уништени се покриви и земјоделски површини.

Оштетени се и голем број на автомобили, особено во местото Чрномељ.

На крајбрежјето на Истра паѓаше силен дожд, а Истраме наведува дека во бранот врнежи кој веќе пристигнал о истарското крајбрежје веќе се забележани 20.000 молњи односно дека има навистина многу грмотевици.
Освен бранот дождови во Истра дува и силен југозападен ветер со удари до 62 километри на час.

За вечерва метеоролозите најавија невреме и во делови на Македонија.

Спонзорирано: