23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вонредна временска прогноза: Подгответе се за невреме- пристигнува Луцијан

Во текот на денешниот петочен ден територијата на нашата држава ќе започне да подпаѓа под влијание на циклонот Луцијан па така ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, пишува во прогнозата на „Метеомакс“

Времето ќе биде стабилно, многу топло и спарно се до доцна попладне кога атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места ќе продолжи и утре (сабота) кога повторно ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ.

Температурите на воздухот нема премногу да се менуваат и ќе останат многу високи и летни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштита а додека трае невремето и електричните презнења препорачуваме домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди во домот

Спонзорирано: