11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Американски полицајци суспендирани поради брутален напад врз невооружен човек

Четворица полицајци од Аризона се суспендирани поради бруталниот напад врз невооружен маж, јавија американските медиуми.

Во вторникот беше објавена снимка од надзорна камера која прикажува како четворица полицајци од Аризона го претепале Роберт Џонсон (33). На видеото се гледа како еден полицаец излегува од лифт на четвртиот спрат од зградата, а потоа се појавува и Џонсон кој разговата на мобилен телефон.

Три минути подоцна четворица полицајци го опкружуваат Џонсон, го туркаат и почнуваат да го удираат со раце и нозе додека тој не падне на подот. Подоцна му ставаат лисици и еден полицаец го турка низ вратата на лифтот. Објавена е и снимка која прикажува како да го доведуваат во затвор.

Снимката ја објави полицијата и е дел од внатрешната истрага што доведе до суспензија на четворицата полициски службеници, изјавил шефот на полицијата Рамон Батиста за „Ен-би-си њуз“. Иако нападот се случил на 23-ти мај, Батиста за истиот дознал еден ден подоцна.

„Оваа постапка во никој случај не е демонстрација на начинот на кој нашите полициајци секојдневно ја вршат својата работа. Тие се луѓе и сигурно на прв поглед ова изгледа како грешка, не е во ред. Моја работа е да спроведам истрага и да ги најдам одговорите за овој инцидент“, изјавил Батиста.

Џонсон за време на нападот не бил под истрага, но бил во објектот кога неговиот другар наводно се обидел да влезе во станот на својата поранешна девојка, изјави полицијата.

Спонзорирано: