5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло, попладне со краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и со температури од 15 до 31 степен.

В петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. о петок кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. В недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Спонзорирано: