3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Девојче пее позната песна за татко и кој има рак. Нејзиниот настап го дигна жирито на нозе (Видео)

Кога Еви Клеир излегла на сцена во шоуто „America’s Got Talent“, публиката и жирито не знаеле колку ќе ги допре срцата на сите луѓе.

Еви го следела својот сон пријавувајќи се на оваа аудиција, но имала и срцепарателна приказна која сакала да ја сподели со останатите. Нејзиниот татко умира од рак.

Еви останала храбра и речиси цело време ги задржувала емоциите. На својот прв настап, ја маѓепсала публиката со својот преубав, силен глас.

„Тоа секогаш беше мојот сон“, рекла таа. Еви им објаснила на членовите на жирито зошто сакала да пее и настапува.

Потоа споделила дека својата изведба на песната „Arms“ од Christine Perri ја посветува на својот татко. Тој боледува од рак на белите дробови, а иако има само 5% шанси да преживее, тој продолжил да работи во затвор во мал град во кој живеат како би го издржувал семејството.

„Вечерва сум тука да пеам за него“, рекла Еви.

Песната која ја отпеала таа ноќ била многу посебна за Еви и нејзиниот татко. „Кога мојот татко има лош ден, одам во неговата соба и му ја пеам оваа песна за да го утешам и да му дадам сила да продолжи да се бори“, вели Еви.

Нејзината извонредна изведба и обезбедила место во овој натпревар и била во првите 10. Иако не победила, ги освоила срцата на членовите на жирито и на публиката.

Погледнете го нејзиниот неверојатен настап и споделете со пријателите…

https://www.youtube.com/watch?v=wkWUEfaRzZg