23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту една лага за Мицкоски нема да ја сокрие вистината дека картелот на власт ја разграбува државата

СДСМ и Заев од институцијата Влада на Република Македонија прават свој партиски штаб и вршат свесна манипулација, реагираат денеска во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на обвинувањата за примањата на актуелниот партиски лидер, Христијан Мицкоски, додека бил советник во кабинетот на Груевски. Од партијата истакнуваат дека Заев сака да го сокрие осиромашувањето на граѓаните и, како што велат, колективната кражба што ја прави на државата.

„Вистината е дека не се констатира ништо поинаку и поразлично од тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, претходно го соопшти на јавноста и во ТВ дуелот, и од тоа што самата влада го објави претходно, јавно на својата веб-страница, а од каде може да се види дека има два договори од кој првиот неколку месечен кој се извршува за надомест со коефициент 1.8 и вториот кој се извршува про-боно односно ангажманот е бесплатен, нешто што беше и коментирано од самиот Мицкоски во ТВ дуелот, а владата свесно претходно лажеше дека се работело за договор без информации за сумата, подмолно имплицирајќи дека се работи за некаков вртоглав износ, нешто што воопшто не е така“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Мицкоски, за разлика од СДСМ која, како што велат, се служи со подмолни и неточни информации, нема што да крие и двата договори од неговиот ангажман ги доставува на увид на јавноста.

„Очигледно дека нервозата во СДСМ и Владата на Евро Заев е огромна. Ниту една лага од Заев пласирана за Мицкоски нема да ја сокрие вистината дека картелот на власт ја разграбува државата на дневна основа, а народот не живее подобро. Соголената вистина е дека ако не се занимаваше денес јавноста со вакви манипулации, ќе требаше владата и Заев да одговорат што е со големите лаги и неисполнетите ветувања за 500 евра плата, за уништеното здравство, за фијаското во образованието, за измамените земјоделци и пензионери“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: