13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп објави дека започнала изградбата на ѕидот долж мексиканската граница

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот Твитер профил објави дека започнала изградбата на ѕидот чија цел е да ги спречи нелегалните влегувања на Мексиканци на територијата на САД.

Трамп со твит одговори на обвинувањата во врска со неговата остра имиграциона политика, кои медиумите ги илустрираат со фотографии од деца зад решетки во одделенијата за нелегална миграција.

„Поделбата на семејствата на границата е последица на лошите закони на демократите. Законите за безбедноста на границите треба да се променат, но демократите не можат да се согласат! Јас го започнав ѕидот“, напиша Трамп.

Тој се разбира мисли на контроверзниот ѕид меѓу Мексико и САД, кој, според планот на Трамп, треба да го запре нелегалниот влез на Мексиканците во САД. Американскиот претседател во неколку наврати говореше за важноста на овој ѕид, кој, како што опиша, треба да ги спречи, Мексиканците и „животните“ да влезат во Америка. Подоцна објасни дека со навредливата референца мислел на озлогласените криминалци.

Официјални лица од другата страна на ѕидот, сепак, се противат на идејата на Трамп, а тамошниот претседател му одговори на неговиот американски колега дека Мексиканците немаат намера да ја финансираат изградбата на тој ѕид.

Спонзорирано: