3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп и Ким на 12 јуни ќе се сретнат на островот Сентоса

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ќе се состанат на 12 јуни во хотелот „Чапел“ на островот Сентоса во Сингапур.

„Им благодариме на нашите извонредни домаќини во Сингапур за нивното гостопримство“, напиша портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, на Твитер.

Сингапур претходно го одреди јужниот туристички остров Сентоса како специјална област за самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој ќе се одржи следната недела.

Сингапур, исто така, го прогласи својот централен регион, во кој се сместени сингапурското Министерство за надворешни работи, Американската амбасада и неколку хотели, како специјална зона во периодот од 10 јуни до 14 јуни, објави „Ројтерс“.