5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Сугарески: Инвестираме 500 милиони евра за Коридорот 8

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изврши увид во градежните работи во рехабилитација на автопатската делница Сарај – Групчин. Се работи за рехабилитација на дел од автопатот од Скопје кон Тетово во должина од 17 километри и инвестиција во вредност од 1,1 милион евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Во изјава за медиумите министерот Сугарески истакна дека во западниот дел на Република Македонија се инвестираат над половина милијарда евра за изградба и реконструкција на патната мрежа на Коридорот 8.

„Реконструкцијата на делница беше неопходна затоа што возната лента беше најоштетениот дел од автопатот кон Тетово, а сите сме свесни колку возила дневно поминуваат на оваа делница. Затоа беше потребна итна интервенција со цел комплетно да ја рехабилитираме и да овозможиме сообраќајот да се одвива побезбедно.

Покрај реконструкцијата на автопатот од Скопје до Тетово, во втората половина на 2018 година преку ЈП за државни патишта ќе се распише тендер за проектирање за реконструкција на патот од Тетово до Гостивар на ниво на стандарден автопат. Во меѓувреме се работи на реконструкција на државниот пат од Гостивар до Кичево, со вкупна вредност на инвестицијата над 6 милиони евра. Во тек е и проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево и продолжува со изградба автопатот од Кичево до Охрид.

Спонзорирано: