4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Црна Гора е цврст и сигурен сојузник

Црна Гора во првата година од членството се покажа како многу цврст и сигурен сојузник, оценил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој рекол дека Црна Гора има голема корист од тоа што седи на иста маса со останатите 28 земји-членки.

„Има корист од длабоката соработка со сојузниците кои претставуваат половина од светската економија и воена сила“, рекол Столтенберг во интервју за „Вијести“.

Навел дека колективната одбрана претставува најголем можен облик на гаранција за безбедноста и дека грчки и италијански борбени авиони отсега ќе го чуваат воздушниот простор над Црна Гора.

„Во случај на криза, Црна Гора знае дека 28-те пријатели ќе ѝ помогнат“, рекол Столтенберг.