9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 15 лица уапсени за тероризам во Турција

Најмалку 16 лица беа уапсени поради сомнение дека се членки на терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), групата која стои зад неуспешниот пуч во 2016 година.

Според извори блиски до судството во Турција, јавен обвинител издал налог за апсење на седум лица. Од нив, во операцијата во Анкара, уапсени се четворица.

Осомничените се уапсени во Анкара, Истанбул, Баликесир и Газиантеп. Во друга акција, пак, приведени се други десет лица во покраината Мугла.

Во меѓувреме, по налог на јавен обвинител од Сивас вооружени сили уапсија маж и жена во Истанбул поради сомнение дека се поврзани со ФЕТО.

ФЕТО по наредба на својот лидер, кој моментално живее во САД, Фетула Ѓулен, организираа неуспешен пуч на 15 јули, 2016 година, каде 250 лица загинаа, а повеќе од 2200 беа повредени.

Анкара исто така ја обвини ФЕТО дека долго време водела кампањи во обид да ја урне владата и Турските институции, како војската, полицијата и судскиот сектор.