12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крокодил убил свештеник за време на церемонија за групно крштевање

Крокодил нападнал и убил протестантски свештеник додека тој вршел крштевање во близина на езеро во јужниот дел на Етиопија, објавија светските медиуми.

Нападот се случил во неделата наутро, додека свештеникот Дошо Ешет спроведувал церемонија на групно крштевање на околу 80 луѓе во градот Арба Минч, објави Би-Би-Си.

Жителите и полицијата изјавле дека крокодилот скокнал од водата за време на церемонијата на крштевање и го нападнал свештеникот, а човекот починал од сериозни повреди на грбот, раката и ногата.

„Свештеникот заврши со првиот верник и ја започна церемонијата за кршевање на вториот. Одеднаш, крокодил излезе од водите на езерото и го напада“, изјавил очевидецот Кетема Каиро за Би-Би-Си.

Локалните жители со помош на рибарски мрежи го спречиле крокодилот да го повлече телото на свештеникот во водата. Полицијата соопшти дека по инцидентот крокодилот избегал.

Спонзорирано: