9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ќе ги зголеми капацитетите за збогатување на нуклеарното оружје

Иран ја известил нуклеарната агенција на ОН дека ќе ги зголеми капацитетите за збогатување на нуклеарното оружје во рамките на границите утврдени со нуклеарниот договор од 2015 година.

Државната телевизија во вторникот пренесе дека Бехруз Камалванди, портпарол на иранската нуклеарна агенција, изјавил дека испратил писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија, во кое детаљно е опишан потегот.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, во понеделникот нареди зголемување на нуклеарните капацитети и вети дека земјата ќе ја зачува својата нуклеарна програма и покрај повлекувањето на САД од пактот од 2015 година. Иран соопшти дека сега кога САД се повлекоа од договорот, има опција за продолжување на збогатувањето на индустриското ниво.

Со договорот Иран беше строго ограничен во збогатувањето на ураниумот во замена за укинување на американските и меѓународните санкции.