20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Филмскиот продуцент Вајнстин се изјасни како невин по обвиненијата за сексуална злоупотреба

Холивудскиот продуцент, Харви Вајнстин, се изјасни за невин по обвиненијата за сексуален напад, во текот на сослушувањетo пред судија во Њујорк.

Вајнстин, кој се брани од слобода со кауција од 1 милион долари, минал покрај толпа новинари пред да седне во судницата за да одговори со “да” или “не” за тоа дали разбира кои се неговите права.

Како што пренесе АП, тој не застанал за да одговара на новинарски прашања, а по 40 минути се вратил во своето возило и заминал.

Неговиот адвокат, Бен Бредман, за новинарите изјавил дека неизбежно е случајот да се одбрани врз основа на она што се дознало од доказите.

„Денеска е првиот ден од процесот, сега ја започнуваме нашата борба. Доколку успееме, можеби нема ни да има судење“, рекол тој, додавајќи дека одбраната ќе се обиде да го убеди обвинителството да се откаже од случајот.

Големата порота минатата недела го обвини Вајнстин поради тужбите од две жени за сексуална злоупотреба.

Спонзорирано: