13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската полиција трага по човек кој со секира го убил својот поранешен шеф

Полицијата во американскиот град Нешвил, Тенеси, трага по маж осомничен дека го убил својот шеф со секира.

Како што тврдат од полицијата, триесет и шестгодишниот Доменик Мичели утринава го убил неговиот поранешен шеф кој го отпуштил од работа пред повеќе од една година. Убиениот Џоел Павола на возраст од 46-години, бил тренер во фитнес-центарот „Balance Training“, сместен во трговски центар во Нешвил.

Мичели го убил Павола токму пред овој фитнес-центар. Според „Си-би-си њуз“, тој се појавил вооружен со секира и друго ладно оружје – или уште една секира или голем нож.

„Мичели брутално и дивјачки го нападнал Павола надвор од неговото работно место“, изјавил портпаролот на полицијата, Дон Арон.Убиецот веднаш потоа избегал од местото на злосторството. Павола бил итно префрлен во медицинскиот центар на универзитетот „Вандербилт“, но за него немало спас. Таму само бил прогласен за мртов.

Павола важел за фитнес гуру, кој организирал лични обуки за своите клиенти и често одржувал говори за здравиот начин на живот. Поранешен негов клиент, Ренди Рејбурн, го опишал како прекрасен човек и татко.

Спонзорирано: