10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Париската полиција во акција за отстранување бегалски кампови

Француската полиција денеска отпочна со отстранување на два илегални бегалски кампа во североисточниот дел на Париз. Според соопштението, станува збор за кампови кои се наоѓаат кај каналите Сен Мартен и Порт де Пуасонија, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела властите во Париз отстранија логор со околу 1.000 мигранти кои подоцна беа префрлени во прифатни центри.

Од 2015 година, Европа се соочува со голем наплив на мигранти од Блискиот Исток, а во Франција повеќето од нив завршуваа на пристаништето Кале во северниот дел на земјата, каде што во 2016 година беа отстранети најголемите кампови.

Во моментов, повеќето мигранти се собираат во Париз и на југот од земјата, во близина на границата со Италија.

Спонзорирано: