11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Колку пари ќе добие Македонија од продажбата на „Титовиот стан“ во Њујорк?

Шест држави од бивша СФРЈ успеале во четвртокот 31 мај, на лицитација заеднички да го продадат шестсобниот резиденцијален стан на бившата држава во Њујорк, објави Министерството за надворешни работи на Србија.

Се очекува парите да бидат уплатени за седум до десет ден. Иако станот пред две години, кога почнала продажбата, е проценет на 20 милиони долари, минатата недела е продаден за 12,1 милион долари, колку што изнесувала најдобрата понуда, пишува Јутарњи лист.

Според соопштението на српското Министерство за надворешни работи, од износот за кој станот е продаден, се одбиваат 3,269.774,16 долари, колку што изнесувале трошоците за одржување на станот од 1992 година кога е испразнет. Трошоците ги плаќала Србија па неа ќе и биде уплатен тој износ.

Останатиот износ од 8,8 милиони долари се дели во договорен процент помеѓу Хрватска, Словенија, БиХ, Македонија и Србија.

Спонзорирано: