13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Генералниот секретар на Елисејската палата под истрага поради корупција

Француското финансиско обвинителство почна истрага против генералниот секретар на Елисејската палата, Алексис Колер, откако Здружението за борба против корупција поднесе тужба против него. Обвинителството денеска соопшти дека истражителите ќе испитуваат дали се почитувани прописите во врска со судир на интереси за време на извршување на јавните функции.

Француското здружение „Антикор“ го сомничи Колер, шефот на кабинетот и еден од најблиските соработници на францускиот претседател, Емануел Макрон, за „тргување со влијание“ и судир на интереси во врска со неговата поврзаност со Медитеранската шпедитерска компанија (МСЦ). Колер има фамилијарни врски со таа компанија, чие седиште е во Женева.

Тој работел како висок функционер во Mинистерството за финансии од 2014 до 2016 година, по што станал финансиски директор во компанијата МСЦ. На тимот на Макрон му се приклучи по претседателските избори во мај минатата година.

Спонзорирано: