14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека не му се плашат на Зоран Заев и неговиот криминален картел

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека граѓаните на Република Македонија му се спротиставиле на Зоран Заев и неговите антидржавни политики.

„Граѓаните вчера покажаа дека не му се плашат на Зоран Заев и неговиот криминален картел и дека мислат дека треба да се стави крај на неговото уништување на државата.

Граѓаните кажаа НЕ за дното кон кое не води Заев, НЕ за економската стагнација, НЕ за уништувањето на државните интереси, НЕ за неработењето, безнадежноста и неспособноста.Република Македонија заслужува просперитетна иднина. Оваа ненародна власт мора да си замине.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, кланот Заеви по цена на една гарсониера го купи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, влезе во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Заев и криминалниот картел кој го води ја узурпираа државата и мора да си заминат. Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат квалитетен живот и сигурна иднина за нив и нивните деца.

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

СДСМ не смее повеќе да ја држи целата држава во заробеништво заради бизнис интересот на неколку Заеви, Анѓушеви или семејства на функционери во врвот на власта. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: