13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна зграда во Кенија, има загинати и повредени

Најмалку две лица загинале кога се урнала зграда во престолнината на Кенија, Најроби, соопшти полицијата. Според информациите, петспратната зграда се урнала утрово, а на лице место се спасувачките служби кои трагаат по преживеани.

Засега од под урнатините се извлечени две мртви тела. Еден човек бил извлечен жив, но подоцна починал.

Најмалку три лица се во болница на лекување. Во тек е спасувачка акција и постои можност бројот на загинати и повредени да расте, предупредуваат надлежните.

Спонзорирано: